News

Ирена Ристиќ приведена во полиција бидејќи го чистела ѓубрето пред Владата на Република Македонија?

Актерката Ирена Ристиќ сношти била приведена во полициската станица Беко, поради реметење на јавен ред и мир. Настанот се случил додека Ристиќ со група волонтери ги чистела отпушоци пред Владата.

„Македонија на гола кожа. Полициска Беко. Психијатриска болница Бардовци. И јас ! Победив. Се налутија што собирам пикавци пред Влада. Да не бевте емотивно врзани, пе ве изреметив? Знаете кога ќе попуштам под притисок? Никогаш! Фино сте ме процениле. Едвај ги убедив дека имам право на адвокат“, напиша актерката на својот фејсбук профил откако е пуштена дома.

Во првата, од неколкуте објави на нејзиниот профил, таа напиша: „Пробаа да ме стават во Бардовци. Ме вратија у Беко ! Имам модрици по раце и пцовки во уши. Алтан ми е сам ! Умирам од грижа ! Имам многу да раскажам“, рече Ристиќ грижејќи се за својот миленик.

Извор: Либертас

 

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close