Познатиот пејач Аца Лукас како што вели, една година по крахот во бракот се смири со поранешната сопруга Соња Вуксановиќ.
Тие се во добри односни најпрво поради нивното дете, а и двајцата поминаа преку непријатностите и скандалите што им се случуваа во минатото.
„Соња и јас ги закопавме секирите пред се поради детето. Ако некогаш бевме во лоши односи, сега преминавме преку тоа. Супер функционираме, па дури понекогаш ќе одиме и на ручек. Се смиривме, но не сме маж и жена, ниту пак момче и девојка, изјави тој за Ексклузиве на српската ТВ Прва.
Пејачот додаде и дека има желба да добие уште едно дете: „Никогаш не е доцна. Сите деца ги добив тогаш кога покрај себе имав некој кого го сакам неизмерно многу, па ако нешто такво се случи повторно никогаш не се знае.“
Соња пред да се омажи со Лукас, чије презиме се уште го носи се презиваше Шашиќ. Но и тоа презиме не беше нејзино, туку од бракот со Жељко Шашиќ кого го остави поради Александар Вуксановиќ попознат како Аца Лукас. Нејзиното моминско презиме е Вишниќ.
Инаку, медиумите и пред неколку месеци пишуваа дека пејачот Александар Вуксановиќ и неговата поранешна сопруга Соња се сретнаа во Будва, а потоа заедно со нивната ќерка заминаа во Тиват каде цел ден поминаа заедно.
Според зборовите на нивен личен пријател тие тогаш решиле да свртат нова страна во нивните односи и да ги остават зад себе проблемите и недоразбирањата што ги имале во минатото.
„Тоа што се случи се случи и двајцата се свесни дека нема враќање назад, но одлучија проблемите да ги остават на страна. По инцидентот тие немаа никаков контакт, а потоа почнаа да комуницираат преку мобилен телефон, за да на крај почнат да договараат заеднички ручеци“ изјави тогаш за српските медиуми нивен заеднички пријател.
Само да потсетиме, на почетокот од септември минатата година стилистката го пријави Аца Лукас за насилство во семејството.
Пејачот на суд ја призна вината и беше осуден на десет месеци условна казна и година дена забрана да и приоѓа на Соња.