Погледнете ги овие две неверојатно слични изданија.
Познатата хрватска пејачка на социјалните мрежи сподели неколку фотографии од нејзиното патување во Ница, а обожавателите најмногу се воодушевија од нејзиниот прекрасен фустан во впечатлива розова нијанса. Во прашање е раскошна креација со потписот на познатата хрватска модна креаторка Матија Вуица, а во многу сличен модел деновиве можевме да ја видиме и нашата водителка Елена Стефановска.
Покрај сличната боја и раскошниот крој и на двата фустана, Елена и Северина носеа и слични сребрени сандали со тенки, високи потпетици, а целото издание го заокружија со впечатлива шминка и пуштена коса.
Па, погледнете ги и двете изданија, направете споредба и во коментарите напишете ни која комбинација ви се допаѓа повеќе?