Александра Заева, ќерката на премиерот Зоран Заев, сѐ почесто можеме да ја видиме низ медиумите, кои го коментираат нејзиниот живот или пак нејзиниот стил. Таа е секси и згодна, а очигледно е под големо влијание на модните трендови. Очигледно е дека Александра секогаш внимава на својот изглед и негува едноставен младешки стил, а овој пат имаме можност да ја видиме во една совршена есенска комбинација. Нејзиниот профил на Инстаграм е отворен за јавноста и нема дилема дека интересот за нејзиниот приватен живот расте секојдневно.
Заева е во врска со Иван Проданов, момчето со кое убавата струмичанка летото го помина во Грција, односно на островот Крф. Александра и Иван се во повеќегодишна врска, тие и во изминатиот период летуваа заедно, а како дестинации ги одбраа Виена и Будимпешта. Инаку, Заева се почесто може да се види во емисиите од забавен карактер на грчките телевизии. Најчестите коментари се дека е секси и згодна, а не изостануваат и информациите дека студирала во Солун.
Медиумите ги анализираат нејзините фотографи на нејзиниот Инстаргам профил, а подвлекуваат дека има и доста фотографии направени на Акрополис во Атина и дека одмара и на Халкидики во семејната куќа на Заеви. Премиерот Заев има уште едно дете, синот Душко кој е скоро три години помал од Александра.