Stars

Мустафа Сандал откако се разведе постојано се врти околу оваа девојка – турските медиуми брујат дека многу личи на Емина

Турската ѕвезда Мустафа Сандал, откако се разведе од Емина, изгледа дека пронајде нова избраничка, а многумина се изненадија бидејќи повторно станува збор за пејачка. Откако веќе во медиумите се зборува дека Емина е во врска со турски милионер, ниту Мустафа не заостанува. Тој на својот Инстаграм профил сподели снимка од поп пејачката Симге Сагин, со која има неочекуван коментар. Тој објави зборови од нејзината песна: „Гладен, мудар, јас доаѓам“, а со тоа додаде и срце, што многумина го сфатија како потврда за романтиката и емоциите кои постојат помеѓу нив.

Оваа вест веднаш ги преплави турските медиуми, кои наведоа дека помеѓу овие две музички ѕвезди не постои само пријателски однос, туку дека Мустафа овој пат отиде еден чекор подалеку. Исто така се појави и коментари дека оваа нова девојка многу потсетува на Емина, па не е ни чудно што токму таа успеала да го освои срцето на Сандал. Пејачот не одговара на ова, а како ќе реагира Емина, останува да видиме.

Емина и Мустафа беа во брак од 2008 година, меѓутоа се запознале неколку години пред да го изговорат судбоносното „да“. Тие имаат два сина – Јамен и Јавуз, а токму поради својот славен сопруг, и Емина стана вистинска ѕвезда во Турција. Како што пренесуваат медиумите, наводно честите расправии довеле до тоа тие да почнат да размислуваат за развод.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close