Lifestyle

Неверојатни гласови снимени со телефон: слушнете како звучи ангелскиот хор снимен во празна црква (!) на врвот на Света Гора (видео)

Неверојатен настан што се случил на Света Гора

Еден Грк што живее во Америка некаде околу 2008-2009 година ја посетил Света Гора (Атос). Неговата желба била да се искачи на самиот врв Атос, а кога се искачил таму видел една црквичка. Сакал да влезе внатре, но вратите биле цврсто затворени. Од внатре се слушало пеење, па си помислил дека во тек е служба, а пеењето било толку неверојатно и толку го опивало младиот Грк што го земал телефонот и почнал да снима.

Хорот пеел херувимска песна, и звучело како внатре да има стотина гласови. Го слушал занесно убавото пеење и стоел пред црквата, додека околу него на самиот врв започнал да дува силен ветер. Кога пеењето завршило, Гркот повторно се обидел да влезе, но вратата повторно биле затворени, а тогаш од непознат правец до него стигнал еден монах и го прашал што прави. Момчето му одговорило дека внатре е служба и дека слушнало преубаво хорско пеење но дека не можел да влезе. Тогаш старецот со чудење го погледнал и му кажал дека внатре не се служи служба освен кога е слава на таа црквичка и дека никогаш не е заклучена. Тој ја турнал вратата и таа се отворила, а внатре немало никој.

Младиот Грк гледал запрепастено во црквата, а потоа на старецот му ја пуштил снимката од хорот што добирал од внатрешноста на црквата.

Старецот се насмеал и му кажал дека со божја благослов успеал да го сними ангелскиот хор како пее и служи литургија во празна црква.

Слава му на Бога!

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close