Секој ден излегуваат нови детали на виделина
Веќе една недела главна тема во медиумите во Турција и на Балканот е новата врска на Емина Јаховиќ со 18 години постариот турски бизнисмен Садетин Саран, а сега се објавени и новости поврзани со нивната љубовна врска.
Познатата пејачка во февруари објави дека се разведува од сопругот Мустафа Сандал, а според турските медиуми таа веќе месец дена се гледала со познатиот бизнисмен кој зад себе има два брака и татко е на една ќерка.
Но она што сега се појави во медиумите дополнително ја заинтересира јавноста. Имено турските медиуми објавија дека Емина всушност се познава со неговата втора сопруга, Енек Кулур.
Како што пишуваат медиумите, Емина и Мустафа додека биле во брак радо се гледале со Садетин и Енек на луксузните прослави во Истанбул.
Инаку, за време на разводот на Садетин и Енек се случи и еден голем скандал. Турските медиуми тогаш бруеја дека во станот на бизнисменот бил пронајде прислушкувач во форма на инсект, и тоа додека траеше нивната бракоразводна постапка. Тие пишуваа дека поранешна сопруга на Садетин го направила тоа за да извлече повеќе пари од него. Но нејзините бранители тврдеа дека тоа не е вистина, а самата Енек даде изјава дека разводот е многу болен и стресен за неа, па слични инсинуации воопшто не и требаат.