Lifestyle

Пронаоѓањето паричка на улица симболизира порака од некој близок што починал?! Скриени пораки поврзани со духовниот свет

Речиси на сите ни се има случено да најдеме монета на земјата, а притоа да посегнеме по неа. Но, дали сте знаеле дека и тоа носи скриена порака?

Имено, се смета дека пронаоѓањето паричка на улица е поврзано со духовноста, без разлика на нејзината вредност. Тоа ви покажува дека сте ценети и меѓу жителите на Земјата, но и во духовниот свет. Тоа е еден од начините на јавување на ангелите и душите. Пронаоѓањето на монети може да биде порака која ви ја испаќа некој близок кој починал – со монетата ви кажува дека ве сака и дека сте вредни за него. Но, тоа може да биде и утеха од самиот Бог кој како да порачува: „Не се плаши, не си сам, јас се грижам за тебе“.

Според кинеските верувања, пронаоѓањето монети е знак на добра среќа, а истото верување потоа се раширило и низ целиот свет и истото така е прифатено. Еве на што подетално треба да обрнете внимание кога ќе најдете некоја монета:

1. За што сте размислувале во тој момент – тоа може да биде одговор на вашите мисли, она што ве мачи, на вашите дилеми…

2. Дали на монетата го има бројот 1 или бројот 10.

Ако на монетата го има бројот 1, тогаш тоа е знак дека ќе ви се родат нови идеи, но исто така симболизира и успех, големи достигнувања и напредок. Ако пронајдете таква паричка, тоа покажува дека ангелите и душите ви говорат дека ве водат на пат кој донесува успех и да останете позитивни.

Од друга страна пак, бројот 10 претставува будење и знак дека треба да обратите внимание на некои работи и да верувате на своите инстикти како и да тргнете напред со својата одлука. Тоа, исто така, покажува дека имате потпора од духовниот свет и дека се ќе се реши како што треба.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close