News

Марјана Станојковска и кога е закопчана до грло изгледа неверојатно провокативно

Познатата македонска водителка Маријана Станојковска беше главна ѕевзда на модната ревија на Сара Фешн.

Марјана веќе подолг период соработува со овој познат бренд, а на ревијата одлично ја одглуми Мерилин Монро и ја изведе песната „Diamonds Are a Girl’s Best Friend“, која е позната по култниот филм „Gentlemen Prefer Blondes“.

Со спектакуларно модно шоу „Diamond Sensation“ беше презентирана најновата колекција за есен-зима 2018/2019 модниот бренд „Sara Fashion“. Тие со ова шоу го одбележаа својот јубилеј, 19 години успешна македонска приказна.

На ревијата која наликуваше на македонска верзија на Викторијас Сикрет, беа претставени новата колекција на пижами, хулахопки и долна облека на брендовите SF и Penti. Ревијата беше предводена од модната креаторка Ивана Кнез, а моделите ги презентираа манекенки од Србија и Македонија

33 годишната Маријана комплетно го „копираше“ стилот на филмската дива и ја изведе кореографијата со помош на неколку танчари, а на социјалните мрежи многумина објавија видеа и фотографии од настанот.

Марјана во бекстејџот се дружеше со Јана Бурческа која исто така настапи на сцената, а во публиката можеа да се видат бројни познати личности.

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

 

 

 

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close