Синоќа на булеварот Србија во скопската населба Ново Лисиче се случи тешка сообраќајка, кога комбе удри во три лица и повреди мало дете, баба и дедо.
Од силнито удар најтешко повредена била бабата која по неколку часа им подлегнала на повредите во болницата, додека дедото е со повреди но кои не се опасни по живот. Тригодишното девојче кое беше извадено од под возилото е со скршена рака и потрес на мозокот.
Дедото и детето беа пренесени во Ургентниот центар.
Возилото кое удрило во нив е со велешки регистарски таблички.
Трите лица минувале на пешачки премин, кога биле прегазени од комбето кое најверојатно возело со огромна брзина.