Stars

Сексапилната Лидија Вукичевиќ се мажи повторно на 56 години: „Решив да го спуштам гардот и да кажам ДА“. Погледнете како изгледаше како невеста пред 30 години

Познатата српска актерка Лидија Вукичевиќ (56) го привлекува вниманието на јавноста, но она што најмногу ги интересира сите е нејзиниот приватен живот. Таа сега прв пат реши да прозборува за тоа и откри дека ќе се мажи.

Имено, актерката ќе го изговори судбоносното „ДА“ на својот партнер, но церемонијата ќе се одвива во најстрога тајност.

„Точно е дека ќе има венчавка, но сега не можам да зборувам за тоа, се уште не е време. Многу сум среќа и по сите овие години, во кои бев запросена неколку пати, решив да го спуштам гардот и да се омажам“, признава Лидија.

Инаку, убавата актерка беше во брак со поранешниот фудбалер Митар Мркела од кого се разведе во 2000 година и со кого има два сина Андреја и Давид.

Таа своевремено на социјалните мрежи има објавено и стара фотографија од нејзината свадба на која носи бел фустан од тантела. Но мораме да забележиме дека на овие фотографии актерката иако имаат поминато 28 години изгледа идентично, а можеби дури и подобро од тогаш, така што сигурни сме дека и за втората венчавка ќе биде во прекрасно издание.

Инаку Лидија самата до неодамна тврдеше дека никогаш нема да се мажи повторно, бидејќи ја сака слободата, но изгледа попушти па реши на својот партнер да му се заколне на вечна љубов.

Медиумите за новото момче не знаат ништо, освен дека е уметник.

„Не го кријам, туку тоа е мојата интима, во оној момент кога тоа ќе излезе во јавноста, тоа повеќе не е само мое. Сакам да ставам убав ореол околу тоа. Луѓето се склони да коментираат, да соголат нешто што мене ми е убаво. Се запознавме на едно патување, но она што е важно е тоа што тој е сликар и тоа мене ми се допаѓа многу. Размислуваме слично, ја сака слободата, уметник е, не ме гуши и не дави. Имаме совршена комуникација, ги сакаме истите работи“, изјави своевремено Лидија за медиумите.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close