Stars

Ќерката на Заев има добар стил – погледнете како го носи трендот што им е омилен на Меланија Трамп и Кејт Мидлтон

Ќерката на премиерот Зоран Заев има добар стил, па дури и кога „фура“ спортски парчиња тоа го прави на феноменален начин.

Ако мислевте дека патиките се наменети само за спортски активности, верувајте не сте во право. Тие можат да стојат одлично и во елегантни изданија, а оваа комбинација на Александра е одлиен пример за тоа. Таа овој пат за преодниот период избра шик панталони во нежна розова нијанса, кои се врзуваат со панделка наместо ремен, кратка маица и тексас јакна, а целото издание го заокружи со бели патики кои се уште се вистински хит.

Фото: Инстаграм

Да, белите патики без разлика дали се со рамен ѓон или оние со мала платформа, ќе бидат еден од главните трендови и оваа сезона. Ќе им се радувате ако ги имате во вашите плакари бидејќи ќе можете да ги носите во сите пригоди и да ги комбинирате со парчиња со кои досега беше незамисливо да ги носите. И оваа сезона сé е дозволено, а тоа очигледно многу добро го знае и ќерката на Заев која во последно време не се двои од нив.

На култните бели патики во последно време не можат да им одолеат и многу познати девојки, а меѓу нив и дамите како Меланија Трамп, шведската принцеза Викторија и војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.

 

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close