Доколку сонувате за тераса, ова решение ќе ве воодушеви
Данската компанија позната по производство на прозори понуди решение за сите оние кои не можат да си дозволат тераса. Во прашање е прозор кој во два потези може да се претвори во мини тераса.
Кога конструкцијата е затворена, корисникот ужива во прозорот со голема стаклена површина која овозможува доста светло. Но ако посака тераса, тогаш најпрво треба горниот дел од конструкцијата да го подигне за 45 степени и потоа едноставно го извлекува долниот дел од прозорот кој автоматски ќе се претвори во мала метална ограда. Потребни се само неколку секунди и ќе добиете фантастичен поглед од тераса.
Па, погледнете како од прозорот можете да направите балкон за само неколку секунди…