Познато е дека Светлана Ражнатовиќ е многу блиска со својата сестра, впрочем како и нејзините деца Вељко и Анастасија.
Лидија Величковиќ Оцокољиќ и нејзиниот сопруг Предраг, инаку поранешен фудбалер, овој ноември ќе прослават 14 години брак. Тие имаат четири деца – ќерката Хелена, синот Виктор и близнаците Илија и Петра. Но и покрај тоа што на свет имаат донесено четири деца, Лидија се уште изгледа како манекенка, спремна за модните писти – без маана!
Таа е многу блиска со Цеца и нејзините деца кои никогаш не криеле колку важно место во нивните животи има таа.
Вељко дури го има и истетовирано нејзиното име на своите грди, а Цеца досега безброј пати има истакнато дека од непроценлива важност и е поддршката што ја има од Лидија и нејзиното семејство.
Вељко минатата година објави и видео со кое покажа колку се гордее со својата тетка. Тој во еден дел од видеото вели дека неговата тетка која има 43 години изгледа одлично за својата возраст, а потоа истото го објави на Инстаграм и во коментарите под него напиша: „Тетка авион.“