News

„Ќе ѝ ја земам куќата и ќе ѝ ја намалам алиментацијата“- Мустафа Сандал бесен на бившата жена Емина поради сомнеж за изневерување!

Оваа година Емина официјално се разведе од Мустафа Сандал, богатиот турски пејач и продуцент. Меѓутоа, турските медиуми пренесуваат дека Емина пред повеќе од два месеци се впуштила во тајна врска со еден турски мултимилионер, Саран, Мустафа со него соработувал на различни полиња, па било неизбежно да го запознае со сега веќе бившата жена, Емина.

Бидејќи љубовниот живот на Саран секогаш бил под будното око на јавноста, сега сите се соменваат дека неговата романса со Емина трае многу подолго. Кога Мустафа дознал за врската на Емина со Саран, кој е познат по авантурите со јавните личности, целосно полудел. Не затоа што таа се заљубила, туку затоа што тој ги запознал и точно знае дека на неколку случувања тие биле заедно. Поради тоа, добил сомнеж дека тие двајца биле во тајна врска уште додека Мустафа и Емина биле во брак.

Турските медиуми исто така откриваат дека веднаш штом Мустафа дознал, го повикал братот на Емина и му рекол дека ќе стане уште побесен доколку се покаже дека Емина навистина го изневерувала. Мустафа на пејачката ѝ ја оставил куќата во Истанбул, а за синовите плаќа огромна алиментација. Меѓутоа, поради овој сомнеж за изневерување, Сандал размислува за тоа да ја промени својата одлука.

„Ќе ѝ ја земам куќата и ќе ѝ ја намалам алиментацијата ако е точко дека тие биле заедно додека таа беше во брак“, викал Сандал на состанокот со братот на Емина и со својот адвокат.

Богатството на Саран се проценува во милијарди, а неговата компанија помеѓу останатото поседува медиумски куќи и музички продукции. Нивната тајна афера е откриена во Германија, каде што тие тајно се состанувале, а биле помалку внимателни затоа што мислиле дека не ги пратат папараците.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close