Меланија Трамп (48) во едно интервју одговарала на интригантни прашања. Првата дама раскажала многу работи за својот приватен живот, за кои до сега можевме само да погодуваме. Таа откри дека неретко се кара со сопругот Доналд Трамп (72) и дека омилен дел од претседателскиот мандат е патувњето по светот. „Го сакам Вашингтон. Сакам да живеам таму. Од Белата куќа направив дом, за својот син и за сопругот. И сакаме таму да живееме“, започнала Меланија, притоа додавајќи како ѝ е голема чест да ѝ служи на сјајната нација.
При најавата за спроведеното интервју, стоело дека не постојат забранети прашања. И навистина, водителот дури ја прашал дали го сака својот сопруг. На тоа таа одговорила:„Да, добри сме“. Меланија го дала само овој краток одговор, притоа насменувајќи се.
„Најважниот дел од ова е патувањето по светот и државите, запознавањето луѓе, слушањето и помагањето колку што е можно повеќе. Важно е да се слуша што му е важно на народот“, раскажала Меланија.
Јавноста најмногу ја интересираше што ќе каже Меланија за брачната криза. Да се потсетиме, таа е во брак со Доналд уште од 2005 година, а заедно го имаат 12-годишниот син Барон.
Во 2015 година во едно интервју Меланија раскажува: „Беше многу шармантен и имавме добра хемија. Го договоривме првиот состанок така што тој ми го даде својот број, затоа што јас не сакав да му го дадам својот. Не сакав да бидам една од оние дами, а тој беше познат како женкар“.
Во интервјуто за „ЕјБиСи“, запрашана за можните вонбрачни авантури на Доналд, првата дама на САД изјави дека „тоа не е предмет за загриженост“ за неа. „Јас сум мајка и прва дама, имам многу поважни теми за кои што размислувам“, изјави Меланија Трамп.