Stars

Боки 13 и неговата мајка се македонските Ким Кардашијан и Крис Џенер

Кога беше на одмор во Париз ги посети истите оние места на кои што беше и старлетата Ким Кардашијан пред да ја ограбат.

Бојан Јовановски попознат како Боки 13 во последно време не се одвојува од својата мајка. Тој кога пред неколку години беше во Париз ја поведе со себе и својата мајка Јасмина. Тие беа во француската престолнина само неколку дена откако познатата старлета беше ограбена,

Боки и неговата мајка тогаш го посетија и истиот ресторан во кој беше и Ким Кардашијан само неколку часа пред да биде ограбена од вооружените напаѓачи кои и одземаа накит вреден неколку милиони долари.

„Ким Кардашијан ручаше во овој ресторан пред да биде ограбена, се надевам дека не ја делиме истата судбина“, напиша тогаш Боки на социјалните мрежи ни не слутејќи дека самиот на себе си стави клетва.

Имено од тогаш, кога беше во посета на луксузните бутици во Градот на светлината од брендовите кои радо ги носи и познатата старлета, па до сега поминаа неколку години, а неговата клетва што ја напиша на Инстаграм како да го следи. Имено, Боки кој последно време се почесто го гледаме во друштво на својата мајка, пред неколку месеци ја отвори телевизијата 1тв и можеме да кажеме дека покрај неговиот необичен стил на облекување, тој би можел да потсетува на Ким Кардашијан и по тоа што е екстремно богат.

Носи слична облека како и Ким, ги следи истите трендовите, во Македонија дури е и попознат отколку што се Кардашијанките сите заедно, а тука е и неговата мајка која по малку потсетува и на Крис Џенер, односно на улогата што Крис ја има во семејството на познатата ријалити ѕвезда.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close