Еntertainment

Приказната на девојките што работат на луксузните јахти што пловат по Јадранот и Егејското море: „Правиме сé што ќе побараат од нас, а за тоа не плаќаат и до 8000 евра“

„Преку лето пристаништата во Хрватска, Француската ривиера, грчките острови се полни со луксузни суперјахти. Во прашање се неверојатни ’бродови’ на кои уживаат познатите, членови на кралските семејства и титаните на разните индустрии со милијарди на своите конта. Главната пловидба на тие колосални бродови зависи од турата, а меѓу нив најинтересни се стјуардесите. Тие самите себе се нарекуваат глорифицирани домаќинки, а всушност се многу повеќе од тоа“ го започнува својот прилог Бјанка Бритон за Си-Ен-Ен.

Таа додава дека стјуардесите на јахтите за забавувачки, чистачки, мајсторки за коктели, келнерки па дури и учителки по јога. Нивната главана инструкторка Гема Хулберт во оваа работа е веќе седум години.

Таа има 25 години и вели дека барањата на гостите понекогаш знаат да бидат и необични. На пример, еден гостин сакал купка до пола када со обична вода, пола со флаширана вода Фиџи, и со бебешко масло.

„Навистина беше интересно да ја чистите пената потоа“, вели таа. „Имав и гостинка која купи винтиџ чанта од Хермес па нашиот книговодител мораше да и организира приватен авион од Монако за Америка како би ја земала чантата за да може да ја носи на гала забавата“.

Таа се присеќава дека на една јахта девојките добивале пари за фризер бидејќи условот бил сите да бидат русокоси. „Тоа беше прв пат да слушнам нешто такво, даваа стотини долари месечно само да се грижат за нивната коса“.

Изгледот е важен, но тој не е пресуден

„Изгледот во оваа работа е важен, но тоа може да донесе и проблеми. Тешко е да ја добиете оваа работа ако имате проблем со килограмите. Ова е физичка работа и ако имате такви проблеми, ќе ви биде предизвик“ вели Гема.

И Челси Нелсен работи како стјуардеса и учителка по јога на суперјахта, и вели дека работата ја исцрпува, но е задоволна.

Гостите се навикнати на луксуз, тие немаат чувство дека некој треба за нив да се грижи 24/7 , вели оваа 33 годишна дама за Си-Ен-Ен.

Ретко имаат слободни денови

Тие имаат исти очекувања како кога се во ресторан, но луѓето за кои што работам навистина се благодарни и грациозни. Секогаш се познава кој доаѓа од генерација со богати родители, бидејќи се држат поотмено и пограциозно од оние што скоро се збогатиле, а кои го држат носот високо во облаците.

Нелсен досега има работено на приватни и изнајмени јахти, како 95 метарската јахта Кисмет на милијардерот Шанид Кан, сопственикот на фудбалскиот клуб Џексонвил јагуарс и англискиот фудбалски клуб Фулам ФЦ. Како што пишуваа медиумите со оваа јахта ова лето патуваа Бијонсе и Џеј-зи

Гема Хулберт, Инстаграм

 

Тетоважите се забранети па и ако не се на видливи места

На некои бродови се само машки, на некои само белци, на некои бродови нема да добиете работа само затоа што на работодавачот не му се допаѓате како изгедате на фотографијата во вашето Си-ви, вели Нелсен додека Геми додава дека нејзиното лице е лицето на целата посада.

„На крајот на денот го правиме сето она со што можеме да ги направиме нашите газди да бидат среќни“, вели таа.

Гема Хулберт, Инстаграм

 

Гема Хулберт, Инстаграм

 

Гема Хулберт, Инстаграм

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close