Stars

Изгледа брутално секси, но за водени спортови е дрво – Карлеуша во минијатурни бикини и со големиот задник го сруши Инстаграм!

Пејачката не престанува да ја шокира јавноста

Јелена Карлеуша овој пат се надмина самата себеси. Иако јавноста веќе е навикната на нејзините провокативни изданија, ЈК со новите фотографии од Малдивите предизвика бура на социјалните мрежи.

Имено, пејачката објави фотографии на својот Инстаграм на кои ги носи најминијатурните бикини што можела да ги најде во продавниците, во кои нејзините облини се максимално истакнати.

Атрактивната русокоса се шета низ егзотичниот остров во неверојатни костими за капење, а сигурни сме дека и туристите што дошле на ова рајско место не можат да останат рамнодушни кога ќе помине покрај нив.

Костимите што ги носи се малку „надвор од рамките“ и неверојатно потсетуваат на минијатурниот модел од Шанел што претходната недела го носеше Ким Кардашијан кога предизвика хаос на социјалните мрежи.

Карлеуша која на одморот е заедно со својот сопруг Душко и нивните ќерки Ника и Атина, одлично се снаоѓа со овие „не-така-едноставни“ модели, а под секоја фотографија и видео што ќе ги објави следуваат бројни комплименти и коментари на сметка на нејзиниот брутално секси изглед.

Комплиментите следуваа и под оваа фотографија, на која пејачката е топлес, а во преден план е нејзиниот гоолем задник во танги.

Мислам дека ова 2018 го доживеа оној врв во изгледот. Да, ти сите овие години изгледаше топ, но јас навистина мислам дека ова е врв, преубаво, презгодно, навистина екстра. Немам зборови, ти си вистинска светска ѕвезда. Инаку, јас не сум ничиј фан, само сакам да лајкувам и кога е нешто убаво да дадам комплимент. Поздрав“ пишува во еден од коментарите.

Инаку, Карлеуша ги воодушеви своите обожаватели и со видеото на кое се гледа како се мачи да се искачи на даска за сурфање, а некои за тоа ги обвинија нејзините бујни облини. Погледнете.

Па, големо БРАВО за нејзината храброст, но и за нејзиниот изглед.

БРАВО!

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close