Не е реткост да се „фаќа врски“ со цел да се укинат казните кои ги дала полицијата. Заборавете на вашите пријатели кои со задоволство ви ја извршуваа оваа услога, зашто радарите на МВР во последните неколку месеци се поврзани со компјутерскиот систем во централата на сообраќајна полиција.
За сообраќајните камери поставени во Скопје вели дека работат, има посебен систем во МВР што го следи движењето и тие во последниот период се користат за потешки видови на сообраќајни прекршоци, како доказен материјал во судска постапка.
Началникот на Единицата за безбедност во сообраќајот на град Скопје, Дејан Трајковски Џонсон, вели дека полицаецот добива шифра и почнува постапката такашто се мерибрзината надвижење, а како доказен материјал за судот има и видео, така што не е возможно преку пријатели да се укинат пропишаните казни.
Споредбено со лани, имаме намалување на сообраќајните незгоди на подрачјето на град Скопје, во просек има 10 до 13, за жал и несреќи со жртви, кој е сепак намален во споредба со лани за 4%, вели Трајковски и додава дека критиките на социјалните мрежи ја поттикнале сообраќајната полиција да преземе уште позасилени мерки против прекршителите на сообраќајните закони.
Новите радари кои ги користи СВР Скопје од оваа година работат на систем на ГПС и се мрежно поврзани. Ниту еден возач што ќе биде уловен на радар не може да избегне и да не ја плати казната. Тоа значи дека секој полицаец кога го користи радарот има посебна шифра, а со тоа и одговорност, и ако не напише казна, тогаш полицаецот одговара. Новите радари имаат домет и до 1,5 километар и зумираат. Ласерот се насочува кон возилото и ја мери брзината. Возачот може и во место да сопре, но тоа е џабе, бидејќи веќе е фатен и снимен на радар. На снимката се гледаат возилото, регистарските таблици, брзината, датумот и часот и снимката потоа е доказ на суд,