Lifestyle

Заборавете на пластична операција: Чудесна маска за лице која ќе ви ги избрише годините

Зар постои некој кој не сака да изгледа помладо?! Веруваме дека не. Иако понекогаш мислиме дека не можеме да влијаеме на времето, па брчките и онака ни доаѓаат, сепак, изгледа дека постои една доста ефикасна маска која е алтернатива на пластичната хирургија. Оваа маска има моќ на затегнување на лицето и може да ви избрише дури и до 10 години.

Веќе после првото нанесување ќе го почувствувате нејзиниот импресивен ефект. Оваа маска сигурно ќе стане алтернатива на многубројни козметички третмани во салоните за убавина. Покрај тоа што е економична, нејзиниот ефект е еквивалент на популарниот ботокс.

Со таа разлика што ботоксот мора за неколку месеци повторно да го нанесувате, а секојпат се полошо и полошо изгледате, а оваа маска е потполно природна и всушност, ја затега кожата многу подобро од ботоксот.

За подготовка на оваа чудесна маска потребно ви е:

  • 1 белка од јајце
  • 1/2 лажичка лимонов сок
  • 1/2 лажичка кокосово масло или масло од семки од кајсија

Еве на кој начин да ја подготвите:

Најпрво, земете едно јајце со средна големина, па одвојте ја белката од жолчката. Така, земете ја само белката и измешајте ја во посебен сад при што ќе добиете густа пена. Во оваа смеса додајте го и лимоновиот сок и кокосовото масло, па потоа повторно добро промешајте ја.

Маската нанесете ја на чисто лице и оставете да делува 10-15 минути. Кога маската ќе се исуши, измијте ја со топла вода или чај од камилица. За постигање на оптимален резултат, доволно е да се применува оваа маска 2 пати седмично.

Предноста на кокосовото масло за нега на лицето во состав на оваа маска навистина се многубројни и слободно можеме да кажеме дека ова масло со право станува се попопуларно од ден на ден, како во светот, така и кај нас. Кога кожата ќе се засити од ова масло, можете да го промените со масло од семки од кајсија кое е исто така многу добро и здраво за користење.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close