Stars

Голем моден лапсус на Меган Маркл – овој тренд НЕ може секој да го носи

Необично издание на Меган Маркл

Комбинациите на тегет и црна боја воопшто не се лесни – тешко е да ја погодите нијансата на темно сина боја што ќе оди со црна така што нема да изгледа монотоно и неспоиво. Тоа можевме да го видиме и од ова издание на војвотката од Сасекс која во последните неколку месеци иако секогаш изгледа беспрекорно, овој пат очигледно згреши. На социјалните мрежи веќе се води полемика дали е тоа само поради лошата комбинација на бои или и поради необичниот крој на блузата, но без разлика на одговорот на прашањето нејзиното издание овој пат дефинитивно не е во склад со правилата на добриот стил.

Елегантните црни панталони кои кон подот полека се шират како и тегет блуза сами за себе се убави модни парчиња, но во ова издание, заедно воопшто не изгледаат убаво и го расипуваат впечатокот.

Што мислите вие?

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close