Еве што вели Анастасија за Кија
Наследничката на фолк дивата Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ неодамна ја издаде своја прва песна Совршен пар која стана голем хит, а во моментот работи на следната песна со која ќе се претстави пред нејзините обожаватели. Песната ќе излезе за неколку месеци, а за неа ќе ја напише Марина Туцаковиќ. И додека таа ужива во плодовите на успехот на својата прва песна, деновиве е актуелна и со интервјуто што го даде за српскиот таблоид Ало. Имено, Анастасија во интервјуто зборува и за нејзиниот однос со Кија Коцкар, односно дека решила да не се меша во комплицираните односи што ги има Кија со нејзината поранешна пријателка Луна Џогани, и дека заради тоа не може да ја поддржи јавно поранешната победничка на Задруга.
Во интервју за српскиот таблоид „Ало“ млада пејачка на прашањето дали ги гледа реалните шоуа и дали е вистина дека во претходната сезона ја поддржала Кија Анастасија одговори: „Не поддржав никого, потполно сум оддалечена и ги следам од страна. Немам никаква врска со овие шоуа, ниту сум поддржувала една или друга страна. Тоа не ме интересира и така ќе остане“.
Инаку, Кија и Анастасија се зближија откако Цеца јавно ја поддржа Кија во првата сезона на реалното шоу Задруга. Тоа можеме да го видиме и од нивните профили на социјалните мрежи каде често една на друга споделуваат комплименти под фотографиите. Анастасија со години се дружеше и со Луна Џогани, која во ријалитито беше во емотивна врска со сопругот на Кија, Слободан Радановиќ, но со неа веќе со години не зборува.
Бидејќи тогаш Цеца јавно се изјасни дека ја поддржува Кија, сите мислеа дека и Анастасија размислува така. Но очигледно не било така.