Во морето лажни брендови таа носи само оригинал
Не постои девојка што нема да се воодушеви од плакарите на српската пејачка Маја Беровиќ кој е преполн со брендирани и што е најважно оригинални парчиња.
Нејзините комбинации на социјалните мрежи речиси секогаш предизвикуваат бура од реакции. Девојките ја копираат, мажите обожаваат, а таа нема проблем да потроши големи суми пари на некое парче за кое смета дека е она вистинското. И тоа го прави безгрешно.
Погледнете неколку нејзини комбинации, но и модниот додаток за кој Маја потроши 4.500 евра.
Барбери
Таа сака да експериментира и да носи парчиња со кои ќе се издвои од масата. Овие хеланки од Барбери за кои потроши 340 евра се вистински избор за тоа
Версаче и Прада
Барокните дезени од Версаче се еден од најголемите трендови веќе неколку сезони. Маја изгледа моќно во хеланките и бодито од овој моден бренд, а речиси идентична комбинација неодамна видовме и една позната светска ѕвезда.
Клои Кардашијан
Во прашање е Клои Кардашијан
Ветемент
Да, Маја во плакарите има парчиња и од овој култен бренд, а овој пат во прашање се чорапи-чизми кои чинат 1300 евра.
Луј Витон и Гучи
И доаѓаме до најскапиот моден додаток во гардероберот на Маја. Во прашање е чанта од Луј Витон под името „Петите Мале“ за која треба да издвоите 4500 евра! Таа ја носеше со ремен од Гучи со пеперутка кој се продава за „скромни“ 600 евра и шик чизми од ПВЦ со проѕирни високи потпетици.
Гучи
Тоа дека Гучи и е еден од омилените брендови можеме да го видиме и од оваа тренди комбинација. Таа овој пат ја носи славната чанта од Гучи, „Дионисус“, за која треба да издвоите околу 3800 евра, а која познатата пејачка одлично ја вклопи во ова дневно издајие.