Lifestyle

Многу мажи останаа засрамени после писмото на овој прекрасен сопруг

Откако го прочитаа ова писмо, многу мажи ширум светот се засрамија. Новинарот и писател Брет Ортел напишал колумна која ги воодушевила сите жени. Прочитајте го и самите ќе бидете изненадени од неговата отвореност и искрено признание.

“Што сум и кажал на својата жена за тоа како нејзиното тело се променило после породувањето? Апсолутно ништо. Познато е дека бременоста не се случува сама по себе, така што јас сум директно одговорен за промените кои на неа и се случиле. Со други зборови, го добив точно она за кое и потпишав. Кога сте кажале “Ајде да имаме дете”, можеби сте го замислувале својот наследник како прв чекори на Марс и открива лек за рак. Но исто така и сте кажале: “Еј драга, сакам да го носиш моето дете девет месеци.

Тој процес драматично ќе го промени нивото на твојот науротрансмитер и ќе доведе до големи и трајни промени на твојот им и личност, а да не ги спомнуваме неизбежните промени на твоето тело. Исто така ќе станеш и диспанзер на млеко и ќе се здебелиш.” Се разбира, колку повеќе бремености партнерката мора да издржи, толку работите се потешки. Ние имаме две деца, но мојата жена беше трудна четри пати. Тоа е вкупно 26 месеци, две години во мачнини и чудни потреби, доење и лузна од царски рез. Да разјасниме нешто. Да, телото на мојата сопруга се промени после породувањето. И, што тогаш? Ма какви промени, таа сеуште е онаа истата, лесно возбудлива, црвенокоса како што и секогаш беше! И моето тело се промени. Кога се венчавме имав 27 години. Дигав тегови, трчав и тогаш уште имав сензибилитет за борење, со кое се занимавав некое време.

Единствено нешто што денес кревам е мојата ќерка, во дневната соба кога си играме авиони. Моето трчање се сведува на бркање на нашето три-годишно дете, додека се преправам дека сум чудовиште од цртаните. Најголем противник со кој денеска се борам е одлуката дали да изедам три или шест парчиња пица. Самата идеја за осудување на телото на мојата жена е толку многу одвратна, себична и избрзана. Размислете за тоа на овој начин: Да еден од вашите пријатели од фудбал се повреди и со месеци отиде на боледување за кое време тој ја зглемува својата телсна тежина и на крај мора да иде на опасна абдоменална операција, гарантирам дека вие никогаш нема да размилувате за неговите стомачни мускули, лузни и слаби мускули. Туку ќе му честитате и ќе му кажете: Фраеру, преживеа! Разликата во тоа сценарио и бременоста е во тоа што вашата партнерка покрај сите чудесни работи, кои и се случуваат, на свет ќе донесе едно ново човечко суштество.

И тоа не било какво суштество – тоа ќе биде вашето дете. И тоа дете е дел од вашето семејство. Го сакам телото на мојата жена после породувањето зашто секој пат кога ќе го погледнам во него го гледам своето семејство, а моето семејство е она за кое вреди да се живее секој ден. И затоа што, без разлика на се што до сега криев, таа сеуште сака да спие со мене”

Мажи, честитајте му на овој голем човек кој заслужува да се нарече вистински сопруг!

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close