Познатата фолк- пеајачка Гоца Божиновска откри дека била жртва на семејно насилство. На прашање на новинарите, дали некогаш доживеала насилство во партнерските односи, одговорила потврдно.
„Mе тепаше од љубов. Не дозволував мојата мајка да ме примети, но кога тоа би се случило на моите ќерки јас би го убила“ рекла Гоца. Таа изјави дека никогаш не го пријавила партнерот за семејно насилство. Таа не прецизираше кој од нејзините двајца претходни мажи бил насилникот. Пејачката прво беше во брак со Раде Вучковиќ, а по разводот со него, таа се омажи за Зоран Шијан.
Инаку, Гоца неодамна се најде во центарот на вниманието и кога нејзиниот 23 годишен син кој го има од сега покојниот Зоран Шијан беше приведен во полиција поради кокаин. Полицијата го запрел автомобилот во кој бил и синот на Гоца, а кога ги замолиле да излезат во внатрешноста на возилото пронашле паковање влажни марамици во кои имало две кесички кокаин.
Тие беа приведени во полицијата, а случајот заврши во обвинителството.