Пејачката која за неколку месеци за прв пат ќе стане мајка ги шокираше сите со својот нов изглед со кој предизвика лавина од позитивни коментари и лајкови на социјалните мрежи.
Гога Секулиќ непосредно пред да се породи одлучи потполно да го промени својот имиџ. Таа ги шокираше сите со својот нов изглед со кој предизвика лавина од позитивни коментари на социјалните мрежи.
На фотографијата што ја објави на Инстаграм таа е во црна, потполно проѕирна облека и со долга плава боја на коса. Секулиќ во ова издание потсетува на најпознатата ријалити ѕвезда на светот Ким Кардашијан која е позната по своето ексцентрично и провокативно облекување.
Но она што не е познато е тоа дали оваа драстична промената во имиџот на Секулиќ е поради потребите за снимање на нов спот или пејачката едноставно решила повторно да стане плава, но и да направи уште неколку провокативни фотографии пред да се породи и да го роди бебето.
Необично име за бебето?
Инаку, Гога од самиот почеток на бременоста беше активна и до неодамна имаше настапи. Таа неодамна за медиумите соопшти дека сака да се породи во Цирих, Швајцарија, но и дека заедно со нејзиниот сопруг, Урош Домановиќ, на детето сака да му даде несекојдневно име.
Таа во емисијата „Ексклузив“ изјави дека размислува на детето да му даде две имиња и дека повеќе би сакала да биде спортист, како нејзиниот сопруг, отколку музичар.
Гога пред бременоста …
Гога како Ким Кардашијан