Ким Кардашијан повторно го копираше стилот на Карлеуша?
Пред неколку години светските медиуми пишуваа за пејачката Јелена Карлеуша, а нејзиниот стил го пофали дури и самата Ким Кардашијан. Но сега повеќе од јасно е дека најпознатата старлета на светот редовно го следи профилот на социјалните мрежи на познатата пејачка, а тоа го покажа и со комбинацијата со која се појави вчера на еден настан
Имено, Јелена во мај оваа година носеше чизми од модниот бренд Баленсијага со принт на американскиот долар, а во идентични чизми вчера се прошета и познатата американска старлета.
Јелена вчера настапуваше во Малме, а на себе носеше креација со дезен од американски долари, како и чизми.
Само неколку часа подоцна, и Ким Кардашијан папараците ја забележаа со потполно идентичен дезен – старлетата на нозете ги имаше истите чизми кои за разлика од Јелена ги комбинираше со мантил.
Па која од вие две ѕвезди ви изглeда подобро?
Што се однесува до нас, нам и двете ни изгледаат кич…