News

Кој е бизнисменот од Канада што донираше 100 илјади долари за бојкот на референдумот?

Македонците од Канада даруваа над 145 илјади канадски долари за поддршка на кампањата за бојкот на референдумот на 30 септември.

Во организацијата на овој значаен настан учествуваа: Светскиот Македонски Конгрес од Канада, Организацијата Обединети Македонци од Канада, Македонското Меѓународно Движење за Човекови права со Седиште во Канада и македонското патриотско здружение од Канада Андон Лазов Јанев Ќосето че донираат над 145 илјади канадски долари за поддршка на кампањата за бојкот на референдумот на 30 септември.

Најголемиот македонски дарител од Канада е познатиот бизнисмен Крсте Ивановски кој заедно со неговото семејство донирале 100.000 долари за кампањата за бојкот на референдумот во Македонија.

Инаку, ова не е прва донација која што бизнисменот Крсте Ивановски ја дава за македонските граѓани. Тој заедно со неговата сопруга Гордана и во 2016 ја даде најголемата донација во вредност од 50 илјади канадски долари за помош на поплавените од Скопје и околните места. И тогаш здружената македонска емиграција во Канада собраа над 150 илјади канадски долари за помош на нашите граѓани, а овој пат собраните пари ќе бидат за долари за поддршка на кампањата за бојкот на референдумот на 30 септември.

„Само во Република Македонија зборот Македонија ќе биде забранет, на своите деца и внуци да не смееш да им кажеш од таа историја и името Македонија да го споменеш.Тоа е почеток на крајот на македонската држава и нација. Кој му дава право на некој да одлучи да ја смени целата македонска вековна историја, кој му дава право да го избрише еден од нјстарите народи во светот, замислете ќе биде избришан за да бидат задоволени интересите на државите кои што сакаат тотално поништување на Македонија и Македонскиот народ“ – истакна Ивановски, а пренесе Нова Mакедонија.

 

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close