Stars

Северина има своја двојничка – неверојатна сличност, како да се сестри близначки

Северина објави фотографија со некогашната мисица Аница, а фановите веднаш ја забележија огромната сличност која постои меѓу нив.

Во описот на фотографијата таа напиша: На денешен ден 1995 година, пеев на изборот за Мис на хрватска на кој победи засекогаш најубавата Аница Ковач. Како е добро да ја видам повторно.

Тие со оваа фотографија привлекоа голем број комплименти за нивиот изглед и убавина. Објавата на северина „заработи“ речиси 29 илјади лајкови. „Две најубави Хрватки“, „Девојки за кои времето застанало“, „Колку убавина на едно место“… ова се само едни од коментарите кои ги добија овие убавици.

Според многу критичари, хрватската пејачка и нејзината пријателка се едни од најубавите жени во светот, при што нивната убавина не е препознатлива само во Хрватска. Во учеството за избор на мис на светот, Аница беше прогласена за прва придружничка, а на овој настан носеше фустан од дизајнерката Бранка Донаси, која тогаш беше прогласена за најубава во светот. Овој успех не успеа да го надмине ниту една Хрватка.

Северина имала два брака. Најпрвин се омажила со Милан Поповиќ, со кого го родила синот Александар, но подоцна бракот завршил со развод. На 25 септември 2015 година, во црквата во местото Бале во Истра, Северина тајно се венчала со фудбалскиот менаџер Игор Коиќ , син на пејачот Драган Коиќ – Кеба. Подоцна, на 22 ноември истата година, брачниот пар организирале венчавка и прослава во Белград, која била наречена „Моето српско венчање“ (Moje srpsko venčanje), а венчавката ја режирал словенечкиот режисер Томаж Пандур. Претходно, Северина и Игор се запознале на еден концерт, а ги запознал менаџерот Едвин Софтиќ.

 

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close