Бренда Озборн е медицинска сестра во пензија.
Таа неодамна наполни 105 години, а досега никогаш не била со маж и нема намера да го направи тоа. Како што самата вели, мажите воопшто не ја интересираат и не и се вредни за толкава мака.
До 93 години живеела во семеен дом заедно со своите сестри додека тие не починале, а минатата година се преселила во старечки дом.
Пред неколку дена го прослави роденденот со своето семејство и порача: „Го задржав моето здравје бидејќи работев вредно и ги избегнував мажите. Сакам да го прославувам родендените, но разочарана сум што не дојде кралицата.“
Таа се пошегува дека добила писмо од неа, но очекувала дека најмалку што може да направи за неа е да се појави на нејзиниот роденден.
Таа за време на својот живот само еден ден во 33 години отсуствувала од работа, а денес иако има 105 години, се уште одвреме-навреме знае да наздрави со чаша црвено вино и да ужива во животот.