Lifestyle

Корисно за суеверните: Еден мал трик со чијашто помош ќе ја отклучите среќата во вашиот дом

Никој не вели дека заработувањето пари доаѓа туку-така и дека не треба да се помачите. Секоја напорна работа кога-тогаш ќе вроди плод и вие ќе го добиете посакуваното, но секако, доколку рационално располагате со вашите средства. Но, оние кои се суеверни можеби сето она што им се случува ќе ѝ го препишат на судбината и на среќата.

Ако и вие сте едни од нив, тогаш продолжете со читање, зашто ви претстои еден мал и интересен трик кој вреди да го испробате зашто не губите ништо. Според фенг-шуи, во вашиот дом треба да постои одреден ред и не треба да трупите многу работи. Напротив, оставете место за нови и убави работи во вашиот живот кои ќе ви донесат среќа и благосостојба на вас и на вашите најблиски.

Дали и вие верувате дека среќата одеднаш „ви се заклучила“, па ви треба некој трик за да си олесните?

Тогаш пробајте го овој рецепт за кој ви е потребно:

  • 2 полни раце ориз
  • 2 затворени стаклени шишенца
  • 6 зрна црн бибер

Со цел да проверите дали ви е корисна оваа постапка, направете го ова: Ставете ги состојките во стаклени садови кои претходно добро сте ги измиле, па распоредете ги во домот. Но, запаметете едно важно нешто: Оризот треба да го менувате на неколку дена. Во секоја тегла ставете по 3 зрна бибер и една рака ориз. Теглите би требало да ги заземаат двата најодалечени краја од домот, а доколку не можете така да ги поставите, одлучете според просториите во кои најмногу престојувате, на пример, дневен престој и спална соба.

Испробајте, па ако навистина делува, споделете со вашите пријатели со цел и тие да ја пронајдат својата среќа.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close