Јана Димитрова е ќерка на Димитров и има 18 години
Јана деновиве се најде во центарот на вниманието поради веста дека добила 40 000 долари за стипендија за додипломски студии во Холандија. Во прашање е најстарата ќерка на министерот за надворешни работи Никола Димитров, која ќе студира на универзитетот Утрехт во Холандија, а стипендијата ја има добиено на конкурс кој го објавува Министерството за образование и наука. Ќерката на Министерот ги подели реакциите на социјалните мрежи бидејќи едни ја критикуваа поради стипендијата, додека други застанаа во нејзина одбрана велејќи дека тоа што е ќерка на министер, не треба да биде причина за дискриминација доколку ги исполнува сите услови за добивање на стипендијата. Имено, во прашање е Конкурс за доделување стипендии за студенти кои ќе се запишат на прв, втор или трет циклус на студии на некој од 100-те најдобри универзитети во светот, рангирани според Шангајската листа.
Иронично е што конкурсот беше донесен од страна на ВМРО-ДПМНЕ и во нивно време беше претставен како крупна инвестиција бидејќи студентите потоа имаат обврска да се вратат и таа своја капитална инвестиција да ја на располагање на Република Македонија. Согласно потпишаниот договор за користење на стипендијата Јана ќе има обврска да се врати во Република Македонија и да работи во јавниот или приватниот сектор најмалку двојно поголем период од периодот на студирање.
Студентите шти се пријавуваат за оваа стипендија треба да се државјанин на Република Македонија, да не се корисници на друга стипендија, да имаат постигнато одреден успех и да се примени на еден најдобрите 100 универзитети.
Стипендијата која се доделува за студии на еден од 100-те најдобри универзитети во светот според Шангајската листа, го покрива трошокот на уписнината најмногу до 40.000 американски долари на годишно ниво, месечен паричен надомест и трошоците за превоз.