За македонскиот трубач од светска класа, Џамбо Агушев најчесто слушаме за неговите бројни успеси, но приватноста ја крие како змија нозете.
Тој е во успешен брак со сопругата Асена со која ја има 8 годишната ќерка Севги и речиси двегодишното синче Мерт.
Нивната љубов цвета, зрачи од сите страни, а Џамбо и Асена никогаш не биле посреќни. Тоа можевме да го видиме и неодамна кога за роденденот на својата сопруга Џамбо направи вистинско изненадување.
Тој тогаш купи торта, цвеќе и запали многу свеќи, а романтичното видео што го објави Асена веднаш стана вирално на социјалните мрежи.