Модниот критичар повторно во етерот
И покрај тоа што неодамна доживеа непријатна ситуација кога двајца насилници влегоа во студиото на телевизијата, на Сергеј Варошлија не му доаѓа паметот.
Тој и во најновата епизода беше искрен и без влакна на јазикот го критикуваше комбинациите на девојките што објавуваат фотографии на социјалните мрежи, а овој пат на удар беше една русокоса девојка од Македонија која на една од фотографиите се има сликано со трупче пари.
Покрај ова Сергеј подискутира и една фотографија од Шанел на која манекенка држи чевел со нивното лого како телефонска слушалка, па се пошегува дека таквиот тренд го има започнато тој самиот.
Погледнете го видеото и кажете ни во коментарите дали се согласувате со критиките на Сергеј Варошлија: