Најжешката фотографија со синот на Цеца и неговата секси девојка
Синот на Светлана Цеца Ражнатовиќ, Вељко Ражнатовиќ е во врска со поранешната кошаркарка Богдана Родиќ. Тие веќе некое време се заедно, а Вељко не ја крие својата љубов кон неа и редовно објавува заеднички фотографии на социјалните мрежи.
Овој пат тој објави секси фотографија на која што ја држи Богдана гушната околу половината и додека страсно се бакнуваат, а во центарот на вниманието е нејзиното атрактивно тело и неговото голо торзо и рацете украсено со тетоважи.
Вељко под фотографијата ги напиша стиховите од бендот кој се слушаше од Триглав до Вардар во поранешна Југославија, Дивље јагоде.
„Единствена моја, за тебе свирам јас, единствена моја, за тебе пеам јас“, напиша синот на цеца во описот на неговата фотографија.
Нова тетоважа
Инаку, синот на Цеца деновиве ги воодушеви своите обожаватели и со неговата нова тетоважа што ја има на раката, а која убаво можеме да ја видиме и од фотографијата на која позира со Богдана.
Имено, тој го истетовира ликот на Гаврило Принцип како држи пиштол во рацете, младичот кој во 1914 го уби надвојводата Франц Фердинанд на Австрија и неговата сопруга Софи Хотек продолжувајќи еден синџир на настани кои доведоа до почетокот на Првата светска војна