News

Мигранти провалија во домот на Дино Мерлин – за среќа пејачот и неговото семејство не биле во куќата

Во недела вечерта мигранти провалиле во семејната куќа на Дино Мерлин која се наоѓа во Сараево. Како што пренесуваат тамошните медиуми, крадците влегле преку прозор, притоа не внимавајќи на поставените камери. Откако се активирал алармот, двајцата крадци се исплашиле и не успеале да земат ништо, при што за кусо време пристигнала и полицијата. Иако се обидувале да избегат, по потерата која била направена, бил фатен едниот од нив.

Извор за босанските медиуми вели: Се работи за млад маж кој даде два датуми на раѓање. Еднаш наведе дека е роден во 1997 година, а вториот пат во 1998 година. Додека се случувал овој инцидент, познатиот пејач и неговото семејство не биле во домот.

Дино Мерлин е еден од најдобрите и најпознатите пејачи кој го обожваат многумина, а неговата љубовна приказна како да е излезена од неговите многубројни хитови. Дино Мерлин својата сопруга ја запознал кога имал 17 години, а се оженил кога наполнил 21 година.

Биле и двајцата од различни класи, но нивната љубив и денеска трае. Тој бил сиромашен, а таа богата студентка на архитекрура. Заљубен во музиката, на неа и ги пуштил демо снимките и ја прашал што таа мисли за неговиот талент. Нејзините зборови и поддршка биле пресудни.

Дино заплови во светот на музиката, прво како член на бендот „ Мерлин“, а се останато на сите е позната живата легенда. Работел тешки и физички работи за да ја заработи првата плата, ги остварил своите соништа. А бил многун зрел и кога е семејниот живот во прашање.

Дино и Амела ја имаат ќерката Најда, и синот Хамез. Дино воопшто не сака да зборува за својот приватен живот пред јавноста.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close