Настапот на Северина помина одлично
Северина на штипската Пастрмајлијада беше пречекана од градоначалникот на Штип, Благој Бочварски. Таа за оваа пригода носеше интересна креација составена од риги во најразлични бои, а целото издание го заокружи со тренди очила за сонце и шик високи потпетици.
Во хотелот во кој престојуваше беше пречекана со бонбони, рози и црвено вино, па преку социјалните мрежи им се заблагодари на штипјани. Таа изненадена од гестот, фотографијата ја објави на Инстаграм, а потоа објави и неколку фотографии од настапот под кои напиша:
„Благодарам Штип, сите ќе ја помниме оваа вечер полна со емоции. Ве сака вашето македонско девојче“.
Фото: Инстаграм