Македонската православна црква денес го слави зачатието на честниот, славен Пророк, Претечи и Крстител Господов Јован.
Свети Јиван Крстител е една од најголемите и најпочитуваните светители во христијанскиот свет и неговиот ден се прославува неколку пати во текот на годината. Се слави на 20 јануари по грегоријанскиот календар, 7 јули се одбележува неговиот ден на раѓање, а успокојувањето на 29 август. Денешниот ден се слави Македонската православна црква денес го слави зачатието на честниот, славен Пророк, Претечи и Крстител Господов Јован.
Неговите родители Захарија и Елисавета имаа само една желба – да имаат дете, но желбата никако не им се исполнуваше. Сепак тие двајцата не се откажаа од молитвите и во поодмината животна доба им се случи чудо – Елисавета остана бремена.
Според преданието кога се родил Јован, од неговиот пресреќен татко било побарано на плочка да го напише името на детето и кога тој го направил тоа, малиот веднаш прозборел. Јован како мал живеел пустински живот и го критикувал моралниот пад на светот во кој живеел, а како постар почнал да ги крсти луѓето во реката Јордан зборувајќи им дека ги крсти со вода и дека зад него доаѓа оној што ќе ги крсти со Светиот дух и оган.
Од тука тој и го доби своето име. Претечи бидејќи му претходел на Исус, а Крстител бидејќи во реката Јордан, според преданието го крстил Исус Христос. Погубен е од крал на Јудеја, Ирод, кој му ја отсекол главата.
Овој празник некои христијани го празнуваат како празник на сите оние што сакаат, но не можат да имаат деца. Според народните верувања оние кои длабоко веруваат во Бога и му се молат, ќе ја добијат неговата милост.
Според верувањата родителите со деца денес треба да ги крстат своите деца или да одредат датум кога ќе ги крстат, додека оние што се без пород треба да се помолат и да не ја губат надежта.
Родителите што имаат деца на денешниотт ден треба да се потсетат колкава радост се тие и да им покажат љубов и колку ги сакаат.
За празникот
На овој ден се прославува милоста, чудото и мудроста Божја; милоста кон побожните и праведни родители на светиот Јован, старецот Захарија и старицата Елисавета, кои целиот живот посакуваа и просеа од Бога едно дете; чудото на зачнувањето на Јован во престарената утроба на Елисавета; и мудроста во домостројот на човековото спасение.
Ова стана затоа што Бог имаше извонредни намери со свети Јован: имено, тој да биде Пророк и Предвесник на Господа Исуса Христа.
Преку Своите ангели, Бог го објави раѓањето на Исаак од бездетната Сара и на Сампсон од бездетниот Маној и неговата жена, и на Јован Претеча од бездетните Захарија и Елисавета. Преку Своите Ангели Бог го објавуваше раѓањето на оние со коишто имаше посебни намери. Како можеа да се родат деца од стари родители? Ако е некој љубопитен да дознае, нека не ги прашува за тоа ниту луѓето, бидејќи луѓето тоа не го знаат, ниту природните закони, бидејќи тоа е над природните закони, туку нека го управи погледот кон силата на Семоќниот Бог Кој од ништо го создаде сиот свет и Кој за создавањето на првиот човек, Адам, немаше потреба од никакви родители, ни стари ни млади.
Наместо љубопитност, да Му воздадеме пофалба на Бога, Кој често ни ја јавува Својата моќ и милост и мудрост и покрај природните закони, во кои оковани ние, без вонредните Божји чуда, би паднале во очајание и богозаборав.