Нејзините обожаватели се во шок
Познатата турска актерка 74 годишната Небахат Чехре која нашата јавност најдобро ја запозна по сапуницата Сулејман Величествениот има Алцхајмерова болест, тврдат турските медиуми. Како што наведуваат тие, болеста потполно ја променила актерката, но нејзините фанови не веруваат дека е болна бидејќи се уште изгледа добро, а на своите социјални мрежи често објавува и фотографии по кои не може да забележите дека е болна.
Небехат често добива комплимент бидејќи воопшто не изгледа како да има 74 години поради својата убавина и витка линија, а досега многу пати има кажано во нејзините интервјуа дека воопшто не вежба. „Порано редовно одев во теретана, но често добивав воспаленија на грлото, па престанав. Играв тенис додека еднаш не ми се слоши на теренот, па се уплашив и го напуштив. Не практикувам никакви спортски активности ни диети“ вели таа.
Таа вели дека има силна самоконтрола и два три дена може да јаде обилно, а потоа потполно да го изгуби апетитот и да јаде многу малку. Актерката кога имала 15 години се пријавила на мис Турција и победила во 1960 кога својата земја ја претставуваше на светскиот избор во Лондон.
Кариерата како актерка ја започна на 17 години, а и денес, на 74 години се уште можеме да ја видиме во турските серии.