Оваа девојка сите ја осудија откако беа објавени фотографиите од Шабачкиот вашар на кои се гледа како во долна облека игра со пијаните гости.
Многумина ја нарекуваа со погрдни зборови и пишуваа најлоши коментари, а кога и се јавиле новинарите таа била на своето работно место – во кафеана, каде заработува за живот.
„Немав јас таква идеја за мојот живот кога бев млада. До 25 години завршив два факултета, агроменаџмент и финансии на економија. Се обидував пет години да се се вработам во струката, но не успеав. На крајот почнав да работам во кафеана – а што да правам“, вели Маја за Телеграф.
Ангажманот за танцување под шаторот се случи набргу.
„По некоја случајност, сопствениците на кафеаната во која што работев го држеа и тој шатор на панаѓурот. Ми понудија да играм за 200 евра за една ноќ и се согласив. Ми беа потребни пари“ – вели таа.
„Морам да работам, немам избор околу мене е хаос, но морам да живеам никој не ме прашува дали сакал да играм под шатор или не. Принудена сум да бидам келнерка и да танцувам, бидејќи татко ми одамна не е жив, а братот поради тешка повреда на главата не може да работи. Имам проблеми и со мајка ми која секојдневно ме исфрла од дома“, вели таа.
Кога ги прочитала текстовите ја погодило тоа што многумина ја нарекувале со погрдни зборови па и проститутка.
„Плачев додека ги читав коментарите за мене. Да сакав да бидам тоа ќе отидев во хотел и ќе ги заработев тие 200 евра за пет минути, а не би се мачеле за истите пари и да играм цела ноќ во шаторот. Тоа се бесмислени приказни“ им кажа Маја на новинарите и се врати на своето работно место.