News

Не може да се извлече од долговите: Братот на Кејт Мидлтон бара помош од свекорот на сестра си!

Џејмс Мидлтон е згодниот брат на Кејт кој досега успешно се криеше од јавноста. Но, по крштевката на принцезата Шарлот, работите се променија. Сега Џејмс е женската дефиниција за совршено згоден маж.

Со светли очи и долга, но уредна брада, Џејмс стана славен преку ноќ и многу жени се прашуваат како не го „откриле“ досега. По задникот на Пипа Мидлтон кој го украде вниманието на кралската венчавка, потоа брадестиот брат на Кејт го одвлече фокусот од принцот Џорџ и принцезата Шарлот.

Но, се чини дека оваа година беше прилично тешка за младиот Џејмс Мидлтон, помалиот брат на Кејт. Прво, во февруари ја прекина својата долгогодишна врска, потоа пропадна неговиот приватен бизнис со кој имаше загуба од дури три милиони фунти.

Во едно интервју Џејмс открил колку го фрустрира титулата „помлад брат на војвотката од Кембриџ“, затоа што тој е многу повеќе од тоа. „Иако сум брат на многу важна личност, на крајот од денот јас сум само Џејмс“, наведува 31-годишното момче кое ѝ е посебно драго на кралицата Елизабета.

Џејмс Мидлтон својот бизнис го започнал набрзо по завршувањето на факултетот. Со позајмица од вујко му во износ од 11 илјади фунти, прво замислував да продава прибор за изработка на колачи преки фирмата на своите родители. Со таа идеја доживеал неуспех, па отворил уште една фирма која се занимавала со вино и производство на колачи, но во 2015 година е откриено дека на сметката има 20 фунти и дека семејството му помогнало да не банкротира. Милионски долг навлече во последната фирма која се занимавала со производство на персонализирани колачиња.

 

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close