Прадјумна Кумар Маханандиа е роден во 1949 година во каста, во индиско село. Еден локален астролог им кажал на неговите родителите дека ќе тој ќе се венча со музичарка од далечна земја која е родена во знакот на Бик.
Тој верувал во пророштва и тоа навистина се остварило во декември 1975 година, кога Кумар започнал да заработува како уличен уметник. Русокосата Шарлот вон Шедвин го замолила да ѝ нацрта портрет.
Откако оствариле неколку средби поради нови портрети, тие одлучиле да си дадат шанса и биле заедно неколку недели, кога Кумар дознал дека Шарлот е родена во знакот Бик и дека свири фрула.
Таа морала да се врати во Шведска, а по една година, заљубениот Кумар со сите свои пари купил велосипед и тргнал од Индија до Шведска за да биде со својата сакана. Тие денес се во брак и имаат две деца.