Модно издание на Пријовиќ кое ги воодушеви сите жени на Инстаграм
Александра Пријовиќ и кога е бремена не се откажува од настапи, но и од патувања на далечни дестинации. И додека уживаше на плажите во Јамајка, ние можевме да ја видиме во најразлични модели на костими за капење каде го покажа своето занесно тело иако е трудна.
Но најновите фотографии од Париз познатата пејачка ја покажуваат во потполно друго светло. Имено, Пријовиќ од шарените костими за капење скокна во вистинско есенско издание.
Имено, таа за прошетка низ Париз избра црни хеланки и капут со интересен крој во иста боја. Капутот има интересен детаљ како што е асиметричниот патент кој ја разбива црната боја, а целото издание го заокружи со црни рамни чизми. Кожните чизми како популарните мартинки ги носат сите девојки што ја сакаат модата, а совршени се за есенскиот период. Тие се интересен избор и за пејачката која сме навикнати најчесто да ја гледаме со високи потпетици. Но таа ни покажа дека знае да носи и монохроматски изданија кои не оставаат монотон и досаден впечаток. Нејзиното тело изгледа витко и издолжено, а капутот и го покри стомакот така што Пријовиќ воопшто не изгледа трудна.
Па, што велите за ова издание на Пријовиќ?