News

Братче (5) и сестричка (9) животот го завршија во сообраќајка– по некое време родителите пронашле белешки што им го скршиле срцето

Ова се работи кои нивната ќерка не успеа да ги заврши бидејќи нејзиниот млад живот згаснал прерано.

Потиштени родители на кои и двете деца го завршија животот во сообраќајна несреќа, срцето им пукна до крај кога неколку месеци подоцна ги пронашле белешките на постарата ќерка во нејзината школска тетратка.

Бруклин Њувил (9) и нејзиниот помлад брат Џејс (5) се возеле со баба им и нивната вујна кога се случила страшна сообраќајна несреќа во март 2017. Животот на децата згасна веднаш, на самото место, додека на бабата во болницата во која беше веднаш префрлена.

Седум месеци по трагедијата што им ги уништи животот, несреќните родители Шејн и Брајан пронашле попис на желби од нивното се уште непрежалено девојче. Сите свои планови и соништа за иднината, девојчето уредно ги бележала во облик на попис во една од нејзините школски тетратки.

Пописот е насловен како „Попис со желби на Бруклин“и е полн со нејзини планови што треба да ги направи: да одам на нуркање, да се возам со чамец, да се возам со брод без никој да не ми помага. Сето тоа се работи што таа не успеа да ги направи бидејќи нејзиниот живот прерано згасна.

Во чест на своите деца, родителите следните неколку години ги исполниле сите желби што малата Бруклин ги напишала во тефтерот. Тие ја започнаа и кампањата „Put It Down“ со која шират важна порака за опасностите од користење мобилен при возење

„Не е вредно за ничиј живот, болката и страдањето кое ние го поминуваме бидејќи ти мораше на две секунди да погледнеш во телефонот“ вели таткото Брајан за Мирор. Тинејџерот што бил виновен за сообраќајната несреќа, осуден е за три убиства без умисла, пренесуваат локалните медиуми.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close