Покрај манастирот Туман, каде почиваат моштите на два големи чудотворци – светиот Зосим , и светиот Јаков, ни пристига едно вистинско музичко чудо.
Монаси од манастирот Туман, кај Голубец, јеромонахот Петар и монахот Теофил, ја свират во акустична верзија песната „Wasting Love“ од бендот „Iron Maiden“. Спотот е снимен на манастирскиот имот, над испосницата на светиот Зосим Синаит, светецот поради кој се случуваат чуда во овој манастир. Имено, познато е дека во манастирот Тумане кај Голубац, кој во минатото изгоре до темел и повторно е обновен, се случуваат чуда.
Молитвите кои се кажуваат за овој светец лечат многу болести, а најновите сведочења на верниците зборуваат дека овој светец може да им помогне дури и на оние што се во кома.
Повеќе за ова можете да прочитате на следниот линк.