Северина објави фотографија на која позира на аеродром, а во рацете носи чанта од луксузниот бренд „Goyard Saint Louise“.
Северина позираше во краток фустан и црни сандали, а на очите имаш големи очила со кои покри речиси половина од лицето. „Чанта во рацете, глава во облаците“, напиша таа под фотографијата.
Во прашање е чантата Goyard Saint Louise која важи за една од најпрепознатливите во светот благодарение на специфичниот дезен, но и големината наменета на оние кои со себе носат многу работи. Goyard чантите најпрво беа замислени како торби за на плажа, но трендсетерките во нив многу брзо се препознаа потенцијал за секојдневна употреба.
Повеќето луксузни брендови се по малку таинствени што се однесува до цената на своите производи, но „Goyard“ дефинитивно е најтаинствен од сите нив. Невозможно е да пронајдете нивен официјален ценовник. Цените можете да ги дознаете само ако сте муштерија кој директно ќе се најде во продавниците каде го има овој луксузен бренд.
Обичните смртнички цените на нивните производи можат да ги најдат само на блоговите на вљубеничките во модата кои и самите поседуваат такви производи. Пребарувајќи низ таквите блогови може да се дознае дека чантата што ја има Северина чини некаде околу 1000 евра.
Производите на Goyard можете да ги купите на само неколку локации во светот, а купување оригинална чанта преку веб е невозможна мисија бидејќи брендот долго време избегнуваше било каква онлајн активност.