На социјалните мрежи кружи вистинска приказна од која ќе ви се заледи крвта во вените, а што е најважно, ќе ве натера да ги преиспитате односите со вашите пријатели.
Во средниот век постоела една жена во Индија, која како домашно милениче имала питон, змија која ја сакала многу. Таа нејзина смија од 4 метри одеднаш престанала да јаде. Откако поминале неколку недели и нејзиатаа газдарица била многу загрижена, па на секаков можен начин се обидувала да ја нахрани, нудејќи ѝ сѐ што може да јаде една змија, жената решила да ја однесе на ветеринар за да видат кој е нејзиниот проблем.
Сослушувајќи ја целата приказна и мака на газдарицата, ветеринарот ја запрашал: „Дали вашата змија спие ноќта со вас, се моти околу вас, доаѓа близу до вас па се шири со целата своја должина?“
Жената се изненадила и се зачудила од многуте упатени прашања, па со многу надеж и доверба одговорила: „Да, да! Таа тоа го прави секој ден и тоа ме прави многу тажна, бидејќи гледам дека нешто бара од мене, јас не можам да ѝ помогнам и да направам да се чувствува подобро“.
Ветеринарот се загрижил по овие добиени одговори, па со воздишка и тажен глас ѝ одговорил: „Госпоѓо, вашиот питон не е болен, туку се подготвува да ве изеде. Тој секогаш кога е до вас, кога се издолжува и кога ве „гушка“, мотајќи се околу вашето тело, тој ја мери големината за да сфати колкав оброк сте вие и колкав мора да биде пред да ве нападне. И да, не јаде, со цел да има доволно место да ве свари полесно, откако ќе ве удави и ќе ве проголта.“
Поука: Мора да научите да ги препознаете змиите околу себе и нивните вистински намери. Само затоа што некој е во ваша близина, ве гушка и ве бакнува, не значи дека неговите намери се добри!