Еntertainment

Оваа мама го остави мажот без размислување откако виде каков прекар и даде – дали и вие би го направиле истото?

Кога станува збор за разделбите, луѓето вела дека во еден момент едноставно знаеле дека нивната врска е готова.

Таа својата ситуација ја откри за австралискиот портал „Мамамија“, но поради заштита на идентитетот, нејзиното вистинско име не е откриено.

Таа решила да го напушти својот партнер кога нивниот син имал само две години. „Откако го добивме синот, ништо не се промени за мојот сопруг. Апсолутно го мрзеше да зборува за своите планови. Резултатот за неговата незаинтересираност за семејниот живот, нашиот брак, во кој некогаш бевме најдобри пријатели и рамноправни партнери, беше крај на нашиот брак“.

За неа тој момент дојде кога прочита една порака во мобилниот на својот сопруг во која откри каков прекар и има дадено.

Таа додаде дека постојано се карале. Едно утро додека нејзиниот сопруг бил под туш, таа забележала дека неговиот телефон постојано титка. Сакала да провери дали е во прашање нешто важно, но видела дека тоа се само неговите пријатели кои се расправале за забавата од претходниот ден.

Тоа утро се разбуди околу 8 и замина право под туш, без воопшто да ме провери мене или нашето бебе во кујната, но очигледно успеа да одговори на неколку пораки вели таа.

Не знаев како да ја сфатам последната но во неа пишуваше: „Мислам дека не можам денес. SWMBO ќе каже не.“ Кога го прашала што значи тоа, тој без влакна на јазикот и кажал дека тоа значи „She Who Must Be Obeyed” (онаа која мора да се послуша).

„Тогаш почувствував како некој да ми удри шлаканица“. Според неа никогаш не станувало збор за послушност. „Тоа се вика почитување на сопственото семејство која тој очигледно ја нема“ додава таа.

Иако вели дека биле во брак 10 години, веќе следниот ден го земала синот и се преселила, заклучувајќи дека ги ценел толку малку.

Дали би го направиле и вие истото?

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close