Здружението Билка за утре закажа протест „И јас сум Моника“: Излезете затоа што утре и Вас ќе ве апсат!
Оваа држава со тоа што на активистката Моника Конопова и одредија 30 дневен притвор повторно покажа дека за едни е мајка а за други маќеа. Имено, како што пренесуваат медиумите, одреден и е притвор бидејќи кај неа во домот биле пронајдени 30 милиграми (!) масло од канабис и 15 грама трева. И тоа е се. Таа е спроведена во затворот во Скопје, Шутка, каде ќе ја чека жалбената постапка пред кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 Скопје. И додека Гордана Јанкулоска не беше спроведена веднаш на издржување на затворска казна, впрочем како што предвидува законот за осудени над пет години (што е во ред, поради тоа што е мајка и има мало бебе, но од „политичарите“ НИКОЈ не е во притвор!), активистката Моника Конопова веднаш беше префрлена во притвор и тоа за НИШТО. Или за нешто што во ниту една НОРМАЛНА држава не те судат, бидејќи Моника не продава, туку е консумент.
Политичари кога ќе ја декриминализирате марихуаната? А вие „почитувани“ судии, до кога ќе ставате невини луѓе во затвори, а криминалците ќе ги пуштате да се шетаат на слобода?
Пушењето марихуана во Швајцарија е целосно декриминализирано, како и во Холандија и Португалија, а пред неколку години тоа го направи и Норвешка и уште многу други земји во светот. Норвешка донесе историска одлука да ги декриминализира сите дроги, со цел да се фокусира на лекувањето, а не на казнувањето на зависниците. Одлуката беше поддржана од сите партии во норвешкиот парламент, што не значи дека тие ги легализираат канабисот и другите дроги, туку ги декриминализираат. За разлика од развиените земји, кај нас се почесто се случува полиција да ги претресува луѓето што одат на журки (значи корисниците) и истите да ги апси, што е потполно спротивно од актуелните трендови во светот.
Наместо тие што употребуваат дроги да се лекуваат како болни (ова важи само за корисниците на тешките дроги, секако!), тие се третираат како криминалци и се казнуваат со класични казни, како затвор или парични казни што е недозволиво и што мора да се промени!
Протести пред обвинителството
Утре пред Основното јавно обвинителство ќе се одржи протест против, како што велат од здружението Билка, ригидната казнена политика која ја форсира ова обвинителство инсистирајќи на мерки притвор за уживателите на канабис. Ова доаѓа по одлуката за 30 дневен притвор за активистката Моника Ростеска.
Протестот е закажан за 12:00 часот пред зградата на ОЈО.
„Протест против прогонот на Моника Ристеска и уживателите на канабис. Судија на претходна постапка на ден 09.10.2018 година го прифати предлогот на ОЈО Скопје за определување на мерка притвор за Моника Ристеска, активист за легализација на канабисот на која и е одреден триесет дневен притвор. Ваквиот ригиден пристап на органите на прогонот и судот е НЕПРИФАТЛИВ и затоа ги повикуваме СИТЕ слободоумни граѓани, и оние кои се и оние кои не се уживатели на канабисот да дојдат на протест пред Основното Јавно Обвинителство Скопје, на самиот Кеј на реката Вардар (карши терасите на кафулињата на кеј) со почеток во 12:00 часот со цел изразување на нашето незадоволство и искажување на нашата поддршка за неправедно затворената Моника. Излезете затоа што утре и Вас ќе ве аспат.
И ЈАС СУМ МОНИКА, АПСЕТЕ МЕ“ – се вели во повикот на Фејсбук.
Повеќе за декриминализацијата на канабисот прочитајте тука >>